УРЕДУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА ВО БЛИЗИНА НА МАНАСТИРОТ „СВ. ЛЕОНТИЈ“ ВО ВОДОЧА!

октомври 17, 2020

Општина Струмица ја подобрува инфраструктурата во близина на туристичките локалитети и културно – историските знаменитости.

Уредувањето на околината во близина на манастирот „Св.Леонтиј“ во Водоча коешто започна во месец мај годинава, се врши според планираната динамика.

Проектот којшто во целост е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014 – 2020 година опфаќа изградба на парк во близина на манастирот, уредување на влезот на населеното место Водоча и изградба на патека до помошните објекти на манастирот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ