УЛИЦИТЕ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ И ДЕЛ ОД „ДЕБАРСКА“ ДОБИЈА НОВ АСФАЛТЕН СЛОЈ!

ноември 3, 2020

Општина Струмица продолжува со реализација на планираните активности за оваа година.

На улиците „Орце Николов“ и дел од „Дебарска“ е ставен нов асфалтен слој на вкупна површина од околу 1.300 метри квадратни.

За време на викендот ќе се работи на крстосницата на улицата „Младинска“ со булеварот „Гоце Делчев“, односно, кружниот тек Анска река.

Општина Струмица им благодари на граѓаните за разбирањето за реализација на овие зафати и истовремено апелира да го почитуваат времениот режим на сообраќај.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ