Општина Струмица продолжува со реализација на планираните активности за оваа година.
На улиците „Орце Николов“ и дел од „Дебарска“ е ставен нов асфалтен слој на вкупна површина од околу 1.300 метри квадратни.
За време на викендот ќе се работи на крстосницата на улицата „Младинска“ со булеварот „Гоце Делчев“, односно, кружниот тек Анска река.
Општина Струмица им благодари на граѓаните за разбирањето за реализација на овие зафати и истовремено апелира да го почитуваат времениот режим на сообраќај.