Учениците и нивната професорка Ивана Петров Ѓоргиева од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица угостителско туристичка струка, профил: готвач, учествуваа и се натпреваруваа на овогодинешниот гастрономски фестивал “Biser Mora 2023” – Супетар, Брач, Р.Хрватска и освоија вкупно 12 медали.
– 2 златни медали
– 5 сребрени медали
– 4 силвер дипломи за ментор на јуниор тим и училиштето
– 1 бронзен медал
„Среќни сме на овие успеси за кои големи виновници беа и нашите верни спонзори и поддржувачи: Vila Park Hotel Ал Макс Atanas Pishev , Concept Food & Cafė Bar Kiril Ivanov Stole Ivanov, Фондација Заев и нејзините партнери, Letnica Letnica Mite Petrov надворешен ментор представник од угостителските објекти, Кланица со ладилник Eftim Ricliev, Zoran Andonov Chef Zoran како надворешен ментор кој несебично им помогна на учениците и им кажа неколку од неговите тајни. Nikola Mishkovski кој e Амбасадор на Шкмер за Северна Македонија и со своите насоки и совети ги мотивираше учениците за уште повеќе успеси и во иднина!“ – напиша професорката на нејзиниот фејсбук профил.
Инаку, на овој меѓународен натпревар учествуваа околу 500 учесници од повеќе земји.
Честитки од тимот на Струмица Денес!