УЧИЛИШТЕТО „САНДО МАСЕВ“ ВО СТРУМИЦА ОПРЕМЕНО СО НОВ ИНВЕНТАР!

ноември 19, 2019

Основното општинско училиште „Сандо Масев“ од Струмица е опремено со нов инвентар од Министерството за образование и наука во вредност од околу 3 милиони денари. Инвентарот содржи 300 големи клупи, 700 големи столчиња и 30 мали клупи и 90 мали столчиња за учениците од прво одделение, по 25 катедри и 25 столчиња за наставници и уште 25 столчиња за во наставната канцеларија. Со оваа набавка значително се подобруваат условите за одвивање на воспитно – образовниот процес во училиштето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: