УЧИЛИШТЕТО „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ ЈА ДОБИ СВОЈАТА ДОЛГООЧЕКУВАНА СПОРТСКА САЛА!

февруари 19, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

📣Задоволството и радоста се секогаш големи кога се гради и развива нашата Општина, но најголеми кога градиме објекти наменети за нашите деца, нашите ученици.

⛹️‍♀️Со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерката за образование и наука, Мила Царовска, ја предадовме во употреба новата мултифункционална спортска сала во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“.

🤾‍♂️Учениците од ова училиште, во салата изградена по најсовремени стандарди на површина од 1.300 метри квадратни, ќе имаат квалитетна настава по физичко и здравствено образование.

🤼‍♀️Со ова капитална инвестиција покажуваме и докажуваме дека Струмица со поддршка од Владата, навистина е грижлив град, кој се грижи за сите свои граѓани и секако за најмладите на кои им овозможуваме нови спортски објекти за правилен физички развој и создавање навики за здрав живот.

⚽️🏀Нека ни е за многу години новата спортска сала и се надевам, но и посакувам токму тука да се појават нови спортски таленти како фудбалерот Горан Пандев, кошаркарот Влатко Илиевски, одбојкарите-браќата Ѓоргиеви, атлетичарот и олимпиец Ване Стојанов и многу нови спортисти кои потекнуваат од нашата Струмица и ќе ја промовираат Општината низ целиот свет.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: