Учениците од III-4 од ООУ „Никола Вапцаров“, првиот ден од пролетта го пречекаа со садење дрвца во училишниот двор и испратија порака да ја чуваме околината зелена и чиста.
Наставничката Невенка Дончевска за Струмица Денес изјави дека ваквите активности треба да послужат за пример и на идните генерации кои доаѓаат.
„Радува фактот што најмалите покажуваат голем интерес и желба да ја чуваат средината чиста и убава. Учениците изработија свое еколошко катче кое верувам дека секојдневно ќе го негуваат. Нека послужи за пример и на идните генерации кои доаѓаат“, вели Дончевска.
Поддршка на еколошката акција даде и директорот на училиштето Борис Иванов.