„УБАВИ СМЕ, СВОИ СМЕ“ ТРЕТА ГОДИНА ПО РЕД ВО СТРУМИЦА: НАСКО ПИШЕВ, АНА ФИЛЕВ, ГОРАН КУЌИЧ, СУЗАНА МИЦЕВА, ВАСКО ПИЛИЧЕВ И МНОГУ ДРУГИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД СЦЕНАТА!

ноември 24, 2019

Веќе три години по ред во чест на 3 декември Светскиот ден на лицата со попреченост се организира модна ревија каде дваесет деца со попреченост ќе чекорат на импровизираната модна писта со познати ликови од Македонија.

„Имаме 20 модели, кои ќе бидат придружувани од познати личности, но оваа година на сцената ќе бидат и другарчињата на нашите модели. Ќе ги бодрат, ќе се радуваат со нив и ќе ѕенѕаат на музиката.“ – стои во фејсбук евентот од настанот.

Дел од овој настан ќе бидат познати струмичани како Ана Филев, Сузана Мицева, Наско Пишев, Горан Куќич, Васко Пиличев, Ана Витанова-Рингачева, Марјан Петров и многу други.

Инаку, оваа година нема да се плаќа влез, но ќе биде поставена кутија за донација. Настанот ќе се одржи во хотел „Сириус“ на 1 декември со почеток од 16:00 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ