strumica denes logo

УАПСЕН 46-ГОДИШЕН МАЖ ОД СМОЛАРИ: УПРАВУВАЛ ВОЗИЛО ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!

Автор:

Датум:

декември 21, 2025

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

декември 21, 2025

Категории:

Хроника, Струмица

Денеска, 21 декември 2025 година, во 03:55 часот на регионалниот пат Валандово–Дојран, на местото викано „Дојранска раскрсница“, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишија од слобода 46-годишен маж од село Смолари, струмичко.

Како што информираат од полицијата, при сообраќајна контрола било запрено патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал лицето. При извршената проверка со алкотест (дрегер) било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта.

По преземените мерки, лицето било задржано и за настанот ќе следуваат соодветни постапки согласно законските прописи.