Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Сите деца во општина Струмица треба да имаат среќно и безгрижно детство.
Тоа го заслужуваат и децата од струмичката 8 Месна заедница. Токму за нив е наменето детското игралиште во „турското маало“, целосно финансирано од општинскиот буџет.
По бетонската платформа од 120 метри квадратни и поставувањето гумена подлога, дојде редот да се постави и комбинирана детска играчка.
Вкупната вредност на целиот проект изнесува 1.467.000 ден. Со вклучен ДДВ.
Дечиња, нека ви е со среќа.