Home

Perdormire
Политика Струмица

ТРОЈЦА СТРУМИЧАНИ ДЕНЕСКА „ТРЧААТ“ ЗА ЕДНО ОД 32 МЕСТА ВО СОВЕТОТ НА ПЈАЧЕНЦА, МАТЕО САЛВИНИ СО СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА СТОЈАН МАЏОВ!

Home

Три кандидатури од Македонци за советници во Пјаченца ги прават локалните избори на 12 јуни интересни за многубројната македонска заедница во градот од северниот дел на Италија со околу 100 илјади жители.

Стојан Маџов, Антони Петров и Гордана Ефремовска ќе „трчаат“ за едно од 32 места во Советот на Пјаченца, која поради големиот број македонски иселеници од Струмица и околината нагалено ја викаат „Струмиченца“.

Маџов е занаетчија, еден од основачите на црковната општина и активен во македонската заедница и во општествениот живот на Пјаченца. Тој е кандидат на партијата Лига на поранешниот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој лично му даде поддршка позирајќи со македонско знаменце со Сонцето од Кутлеш.

Петров е сопственик на фабрика за обработка на железо и исто така еден од основачите на македонската црковна општина во Пјаченца.

Ефремовска е дизајнер.

Сите се активисти и членови на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пјаченца, но сите се на различни листи на овие локални избори.