strumica denes logo

Трагедија во Струмица: Тинејџер со „голф“ усмрти велосипедист!

Автор:

Датум:

април 8, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

април 8, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Денеска (08.04.2022) во 09.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски” во Струмица, патничко возило „фолксваген голф” со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(18) од Струмица, со живеалиште во с.Робово, удрило во велосипед управуван од П.Г.(75) од с.Русиново, со живеалиште во Струмица. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица, а подоцна во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.