Замислете си вкус помеѓу брауни колаче, топол-ладен колач и чоколадна крем-пита. Така некако може да го опишеме овој чоколадно „леплив“ традиционален десерт од Шведска од кој ќе посакате парче повеќе.
Ова не е рецепт кој се подготвува „од око“. Потребно е точно да ги измерите сите состојки и доследно а го следите рецептот, со цел да биде успешен.
А резултатот ќе ви го заскокотка непцето, додека вкусот се лепи за срце.
Потребни состојки:
- 1 шолја брашно (250 ml шолја за мерење)
- 6 големи лажици какао во прав
- 1 шолја шеќер
- 2 големи јајца
- ½ чаша растопен путер
- Прстофат прашок за печиво и прстофат сол
- 2 мали лажички екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 125 степени.
- Сите горенаведени состојки измешајте ги во подлабок сад. Внимавајте јајцата да ги изматите нежно со виљушка, не употребувајте миксер.
- Смесата ќе биде екстремно густа и многу леплива, но тоа нека не ве загрижува. Додадете само неколку капки млеко, но не премногу, смесата не смее да биде течна.
- Во калап за печење обложен со масло и хартија префрлете ја смесата и печете во загреана рерна 25 минути.
- Тортата треба да има убава кора, а внатрешноста да биде мека, чоколадна и леплива. Оставете ја добро да се олади, околу 1 час надвор и уште еден час во фрижидер.
- Декорирајте по желба со кокос, овошје, шеќер во прав, парчиња чоколади, ливчиња бадеми…