ТОЧКАТА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПРОМЕНА НА УЛИЦАТА ,,МАРА МИНАНОВА” ВО УЛИЦА ,,5 СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ” НЕ БЕШЕ СТАВЕНА НА ГЛАСАЊЕ!

август 24, 2023

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Денес е 23 август европски ден за спомен на жрвите од сите тоталитарни и авторитарните режими прогласен од Европскиот парламент.

На овој ден советот на општина Струмица имаше можност да исправи една историска неправда и да ја прифати иницијатива на младите струмичани во која се побара советот да ја преименува улица ,,Мара Минанова” во ,,Петте струмички студенти”.

Оваа улица ќе се однесува на ликвидираните струмички студенти Пецев, Белев, Јармов, Топчев и Косутуранов во 1951 ликвидирани од тогашните структура на тоталитарна власта во Струмица.

За жал оваа иницијатива не беше прифатена од мнозинството советници, а беше оставено да се разговара на друга седница за доделување улица во новите делови на градот.

Покрај улицата по 73 години Струмица конечно треба да најде храброст да се извини за оваа убиство во името на тогашните власти, а државата да ги рехабилитира нивните пресуди.

Имиња на улици и објекти за овие пет струмички студенти мора да има во Струмица бидејќи како што видовме деновиве се мотив на многу млади луѓе а ,,златната петорка” е дел од струмичката и македонска историја.

Од друга страна Општина Струмица, која се декларира како европска општина мора да промени многу топоними и улици во Струмица кои носат имиња на лица кои докажано биле дел од структури кои се поврзуваат со тоталитарни режими кои Европа и светот ги осудива.

Ќе настојуваме во иднина наместо овие личности имиња на улици да добијат ликови со кои струмичани се гордеат како Борис Трајковски, Гоце Арнаудов и други.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ