Тешката приказна на Тале: Не би дочекал утре без моите деца!

Тале Витанов веќе неколку месеци живее сам со своите две деца. Роден е во Велес, каде го минува детството и младоста и имал убав живот додека била жива мајка му и додека живееле во заедница со сестра му.

На 10 дена пред да се роди неговата ќерка Јована, Тале ја губи својата мајка, по што почнуваат проблемите. Иако се венчал и му се родил син, сепак сопругата решила го напушти.

– Млекото често го заменува со сокче. А, храната потребна за раст на децата ја заменува со супа. Често ги заигрува за да не мислат и да не прашуваат каде е мајка им, но, и за да не мислат дека се гладни. Сака да работи и им обезбеди иднина. А, нема да преживее, се вели во објавата на „Срце на дланка“.

Автор:

Датум:

јануари 9, 2023