TЕЛМА ДОЗНАВА: Полицискиот час од наредната недела ќе започнува од 21:00 часот, во понеделник отвораат кафеаните, рестораните, кафулињата и трговските!

мај 11, 2020

Актуелниот полициски час останува до крајот на неделата, дознава Телма. Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките. Комисијата за заразни болести на Владата и` препорачала органичувањето на движењето да продолжи да важи до 23-ти мај, но од понеделник граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршуавње на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почне од 21 часот навечер. – објави ТЕЛМА.

Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри. По еден купувач на 15 метри квадратни, а пробувањето облека ќе биде забрането.

Доколку на касата нема можност од растојание од два метри фирмата е должна да постави плексиглас, а продавницата мора да се дезинфицира 4 до 5 пати во текот на работното време. – пренесува ТЕЛМА.

Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работата до 18 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат. Свадби и крштевки се забранети. Одговорено лице мора да стои пред влезот на објектот за да го регулира протокот на гости.

Најмалку 9,6 метри квадрати е просторот кој ќе смее да зафаќа една маса за 4-рица гости и на секоја маса ќе мора да има средство за дезинфекција. – стои во објавата на ТЕЛМА.

Оригиналната вест може да ја погледнете ОВДЕ.
ИЗВОР: ТЕЛМА!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ