Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
На одделението за гинекологија и акушерство во струмичката болница родено е машко бебе тешко 3 килограми и 200 грама, втора рожба на Тамара Пандева од селото Банско.
Како прв жител на нашата Општина на новороденчето му подаривме штедна книшка со 40 илјади денари.
Честитки на семејството Пандеви, а бебето да е живо и здраво, да има весело и безгрижно детство и добар живот во општина Струмица.
Од срце за новиот жител на нашата Струмица во Новата 2022 година❤