СВР СТРУМИЦА: Уапсен 66 годишен маж од Злеово, осомничен дека силувал малолетничка!

декември 18, 2022

На Г.Р. (66), жител на радовишкото село Злеово, полицијата му поднела кривична пријава заради сомневање дека пред околу четири години извршил полови дејствија врз малолетничка, соопштија денеска од СВР Струмица.

Како што информираа од полицијата, настанот во Одделението за внатрешни работи во Радовиш бил пријавен на 14 овој месец по што бил запознат и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Г.Р. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица, а во текот на денот ќе биде изведен пред на претходна постапка во Основен суд Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ