Свинско филе во доматен сос

јануари 30, 2023

Состојки

  • 1 свинско филе
  • пршута ленти по потреба (5-6 отприлика)
  • 300 мл доматен сос
  • 150 мл бело вино
  • зачини сол, бибер, оригано -по вкус

 

Подготовка:

  1. Филето исечете го на парчиња отприлика 2,5 цм. Лентите пршута прилагодете ги на дебелината на месото.
  2. Секое парче месо завиткајте го со пршута. На крајот ставете чепкалка, за да не ви се отвора во пржењето.
  3. На масло испржете го месото по 5-6 минути од страна. Ставете го доматниот сос, виното, зачинете по вкус, намалете ја температурата, покријте ја тавата и оставете да се покрчка уште 5-6 минути. Нека ви е на здравје!
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ