СОСТОЈКИ:
- 2 кг свински ребра
- 1 шолја кечап
- 3/4 шолја кафеав шеќер
- половина шолја бел оцет
- половина шолја мед
- 1/3 шолја соја сос
- 1 лажичка мелен ѓумбир
- 1 лажичка сол
- 3/4 лажичка сенф
- половина лажичка лук во прав
- бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Исечете ги ребрата на помали парчиња и ставете ги од месната страна нагоре, на решетки во 2 подмачкани тави за печење. Покријте цврсто со фолија. Печете на 180 степени околу час и 15 минути додека месото не омекне.
- Отстранете ги решетките, исцедете и вратете ги ребрата во тепсиите.
- Останатите состојки убаво измешајте ги и прелијте преку ребрата. Печете, непокриено, 30-40 минути или додека сосот не ги прекрие ребрата.