Свежа пролетна салата со авокадо и ротквици

април 17, 2023

Со доаѓањето на пролетта и свежите салати, изборот на здрава и вкусна салата е неограничен. Овојпат ви препорачуваме витаминска салата со авокадо и ротквици што се подготвува брзо.

Салатата од авокадо и ротквици е со богат вкус, па дури и да ја јадете без никаков додаток, може да ве засити.

Уште поважно е што се подготвува многу брзо.

Потребни состојки:

За салата:

  • 2 ротквици (исечкани на кругчиња);
  • 75g грашок (со малку сладок вкус – одмрзнат грашок или бланширан свеж грашок);
  • 150g Фета сирење (издробено);
  • 50g пржени ф’стаци и печен наут; 
  • 1/4 авокадо за богат и кремаст вкус;
  • Свежи билки по вкус (може и од кесичка) – рукола, зелена салата, босилек, нане, власец.

За прелив:

  • 1 голема лажица сок од лимон;
  • 1 голема лажица бел вински оцет;
  • 2 лажици маслиново масло;
  • 1/4 голема лажица сол.

Начин на подготовка:

  • Ротквиците, авокадото и фета сирењето се сечкаат и се ставаат во длабок сад;
  • Свежите билки не се сечкаат туку се кинат со рака;
  • Во садот се додаваат и останатите состојки: наутот и ф’стаците, па грашокот;
  • Во друг помал сад се меша прелив од сок од лимон, масло, маслиново масло и сол и салатата се прелева со него.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ