СВЕТОТ Е ПРЕД ВОЈНА – УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ОБРАТИ ДО НАРОДОТ: Големи луѓе на голема земја, ни се заканува голема војна и датумот на воената инвазија е одреден!

февруари 14, 2022

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија ќе изврши напад врз земјата во среда.

„ Големи луѓе на голема земја! Нашата земја се соочуваше со сериозни надворешни и внатрешни предизвици кои бараат одговорност, доверба и конкретни активности од мене и секој од нас“, рече Зеленски во видеото на Фејсбук.

„Ни се заканува голема војна и датумот на воената инвазија е уште еднаш одреден. Ова не е првпат. Но, нашата држава денес е посилна од кога било. Ние се залагаме за мир и сакаме сите прашања да ги решаваме исклучиво преку преговори. И Донбас и Крим ќе се вратат во Украина. Само на дипломатски начин. Ние не гледаме во другите, но не го даваме своето. Имаме неверојатна армија. Нашите момци имаат уникатно борбено искуство и модерно оружје. Ова е посилна армија од пред осум години. Ние сме уверени во нашите вооружени сили и нашата армија треба да ја почувствува нашата поддршка, нашето единство. Основата на нашата армија е довербата во сопствениот народ и силната економија“, рече тој.

КЛИКНИ НА ЛИНКОТ ЗА ОБРАЌАЊЕТО: https://www.facebook.com/zelenskiy.official/posts/3010798182503871

Како што рече, им било кажано дека 16 февруари ќе биде денот на нападот.

„Од тој ден ќе направиме ден на единството. Указот е веќе потпишан. Попладнево ќе закачиме национални знамиња, ќе ставиме сини и жолти ленти и ќе му покажеме на светот нашето единство. Имаме една голема европска аспирација. Сакаме слобода и подготвени сме да гласаме за неа. 14.000 бранители и цивили кои загинаа во оваа војна не гледаат од небо. И нема да ги изневериме. Сите сакаме да живееме среќно, а среќата ги придружува храбрите. Никогаш не би можеле да се откажеме и нема да го научиме тоа. Сакајте ја Украина! Ние сме во мир! Ние сме силни! Заедно сме!“, порача Зеленски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ