Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
🔴Мои сограѓани, ајде нашата Струмица да ја направиме велосипедски град.
Да ги оставиме автомобилите, да возиме велосипеди. Ќе живееме здраво, ќе заштедиме на гориво и ќе дишиме почист воздух.
🚴♂️🚴♀️Ако немате, ви нудиме можност да си купите. Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 5️⃣0️⃣% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 10.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.Денеска го објавивме Јавниот повик кој ќе биде отворен до исцрпувањето на буџетот, но не подоцна од 28 април и важи за сите граѓани на општина Струмица.
👉Повеќе информации на општинската веб страница https://strumica.gov.mk/javen-povik-za-subvencioniranje…
Вие купете велосипед, а ние ќе го исполниме нашето ветување за завршување на велосипедската инфраструктура во должина од 11 километри во рамките на проектот Струмица – паметен вело град.