СУБВЕНЦИИ ДА КУПИТЕ НОВ ВЕЛОСИПЕД – ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАВА ПО 4.000 ДЕНАРИ!

јули 9, 2021

🚴‍♂️Со цел да ги стимулираме жителите на градот и населените места за користење на велосипеди и оваа година на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република  Македонија од денеска (09.07.2021 година) се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик во износ од 800.000 денари, или не подоцна од 01.08.2021 година, општина Струмица ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.

✅Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

✅Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.

✅Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Струмица , кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 09..07.2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 01.08.2021 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

✅Вработените со потесното семејство во Општина Струмица и трите јавни претпријатија ЈПКД „Комуналец“, „Струмица Гас“ и ЈП „Паркиралишта Струмица“немаат право на учество на Јавниот Повик.

✅Лицата кои имаат искористено/добиено парични средства за купување велосипед за минатата 2020 година немаат право на учество.

✅Барателот треба да ги исполни следните услови:
-да е жител на Општина Струмица,
-да нема искористено субвенција за купување на велосипед од Општина Струмица
-новиот велосипед да е купен во Република Македонија сметано од 09.07.2021 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 01.08.2021 година.

✅Подетални информации може да се добијат на официјалната веб страница на Општината: www.strumica.gov.mk

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ