Home

Perdormire
Спорт Струмица

СУБВЕНЦИИ ДА КУПИТЕ НОВ ВЕЛОСИПЕД – ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ДАВА ПО 4.000 ДЕНАРИ!

Home

Со цел да ги стимулира жителите на градот и населените места за користење на велосипеди, општина Струмица објави Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2022 година.

Субвенционирањето важи за граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Македонија од 30.03.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 29.04.2022 година и ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.

Средствата што општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето. Повикот се спроведува по принципот Прв дојден прв услужен.

Повеќе информации на општинската веб страница strumica.gov.mk/javenpovik30.03.2022