strumica denes logo

СТРУМИЦА НЕ ЗАБОРАВА: 11 ГОДИНИ ОД ГОЛЕМИОТ ПОЖАР КАЈ „ДВАТА ПАТА“

Автор:

Датум:

јули 23, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

јули 23, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Општина Струмица денеска ја одбележа 11-годишнината од големиот пожар кај месноста ,,Двата пата” над градот. Во гаснењето на пожарот, кој избувна на 23 јули 2012 година, загинаа браќата Перо Стојанов и Блажо Стојков од селото Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица, а повеќемина беа повредени. Пред спомен обележјето подигнато во нивна чест, свежо цвеќе положија делегација на општина Струмица, членови на семејствата и претставници на политички партии.