Home

Perdormire
Струмица Хроника

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА КАЗНИ 15 ВОЗАЧИ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ!

Home

Во времето од 22.00 часот на 22.01.2022 година до 04.00 часот на 23.01.2022 гоедина на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Притоа, било констатирано дека 15 возачи, од кои 6 во Струмица, 5 во Гевгелија и 4 во Радовиш управувале моторни возила под дејство на алкохол и истите биле соодветно санкционирани.

Секторот за внатрешни работи Струмица и во иднина ќе продолжи со преземање на засилени мерки за контрола на сите учесници во сообракајот, притоа апелирајќи да се почитуваат сообракајните правила и прописи, да не се управуваат моторни возила под дејство на алкохол, со што возачите би го заштитиле својот живот и животот на сите учеснници во сообракајот.