СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ДЕНОВИВЕ ДЕЛИ ЕДУКАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ПРВАЧИЊАТА НИЗ УЧИЛИШТАТА!

ноември 28, 2020

Секторот за внатрешни работи преку Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица во партнерство со РСБСП во текот на неделата до ООУ “Гоце Делчев”,Василево, ООУ “Гоце Делчев” Босилово, ООУ “Сандо Масев”Струмица, ООУ “Св.Кирил и Методиј”,с.Дабиља, ООУ “Маршал Тито”с.Муртино, ООУ “Герас Цунев”с.Просениково и ООУ “Гоце Делчев” с.Вељуса, до директорите и стручните служби во училиштата дистрибуира околу 300 примерока едукативен материјал за првачињата (Боенки, заштитна маска со слоган: “Јас внимавам во сообраќајот”, хартиено ленирче со аплицирани сообраќајни знаци и распоред за часовите,) а за учениците од второ одделение поделени се Сообраќајни песнарки и Сообраќајни лектири. Целта на ваквите активности е подигање на безбедносната свест кај најмладата категорија учесници во сообраќајот а со тоа и намалување на последиците во сообраќајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ