СТРУМИЧАНКАТА РАДОЈКА ДЕСПОДОВСКА Е ПРВАТА МАКЕДОНКА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО „THE VOICE OF GERMANY“ И СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО СЛЕДНИОТ КРУГ!

ноември 5, 2021

Радојка (Раја) Десподовска е струмичанката која е првата македонка која има учествувано на големото музичко натпреварување во Германија „THE VOICE OF GERMANY“. Десподовска во Германија е студент на правниот факултет во Аугсбург, а во слободно време се занимава и со фографирање.

„Желбата да се пријавам на „THE VOICE OF GERMANY“ ја имам од многу одамна. Оваа година се пријавив заедно со 10.000 други натпреварувачи и успеав да стигнам до потесниот круг и да застанам на големата бина. Се гордеам што ја претставив Македонија пред милион гледачи и’ им благодарам на сите многу за поддршката.“ – изјави Радојка за Струмица Денес.

Радојка Десподовска се пласираше во следниот круг каде повторно ќе се претстави со својот талент. Многу успех!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ