СТРУМИЧАНКАТА ЉУПКА ГАЛАЗКА-ВАСИЛЕВ СО САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА ВО КАВАДАРЦИ!

август 29, 2020

Во средата, на 26 август 2020, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, беше отворена самостојна изложба на Љупка Галазка Василев од Струмица, насловена како “Урбан лиризам“. Изложбата е во рамките на отворањето на годинашното издание на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово“.

Љупка Галазка Василев е родена на 16.08.1979 во Струмица. Дипломирала на Националаната Ликовна Академија во Софија, Република Бугарија, отсек – текстил. Живее и работи во Струмица како професор по ликовна уметност во средно училиште.

Изложбата е поддржана од Локалната самоуправа на Општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Македонија. Отворањето на изложбата се одвиваше според Протоколите за работа во време на COVID – 19: за сите присутни на изложбата – носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри и ограничен број на посетители.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ