СТРУМИЧАНКАТА ДАНЧЕ ЛАЗАРОВА ИЗРАБОТИ МАИЦИ И ПОДАРОЦИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО СТРУМИЦА И ГИ ПОСЕТИ ВО НИВНИОТ ДОМ!

февруари 11, 2021

Младата струмичанка Данче Лазарова која е техничар за дизајн на облека по повод денот на вљубените, изработи маици и посебни подароци за лицата со попреченост во Струмица и ги посети во нивниот дом. Данче вели дека парчињата облека се креирани со многу љубов и пораката која сака да ја упати е дека сите сме исти и сите сме еднакви!

„Секој човек е креација, различна сама по себе. Мојата цел е токму вашиот сон да стане реалност преку креациите коишто ги спремам за вас. Преку тоа парче облека, вие да ја прикажете вашата личност. Парчињата кои ги креирав се со многу љубов и треба да научиме дека сите сме исти еднакви. Јас како млада и полна со амбиција чекорам напред кон иднината со голема самодоверба.“ – напиша Данче.

Браво за Данче и се надеваме дека ќе послужи за пример на останатите млади луѓе!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ