СТРУМИЧАНЕЦОТ ТРАЈЧЕ СТОЈАНОВ ВО ТОП 5 НА ГОЛЕМО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО БОДИ-БИЛДИНГ ВО ИТАЛИЈА!

ноември 23, 2022

Струмичанецот Трајче е меѓу топ 5 најдобри на големото натпреварување „ROME NPCPROMASTERS“ кое се одржа во Италија. Иако конкуренцијата беше навистина голема, Трајче успеа да се пласира во големото финале.

„Прво големо натпреварување за мене и прв голем резултат. Презадоволен сум од покажаното таму. Немаше да успеам без мојот тренер Тоше Зафиров кој секогаш ми е поддршка. Благодарност и до сите.“ – изјави Стојанов за Струмица Денес.

Честитки и од нас. Само напред!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: