СТРУМИЧАНЕЦОТ МАРЈАН ПЕТРОВ ИМАШЕ ЧЕСТ ДА ЈА ПОДГОТВИ ЈЕЛЕНА ТОМАШЕВИЌ ЗА КОНЦЕРТОТ СО АНДРЕА БОЧЕЛИ ВО АБУ ДАБИ!

ноември 25, 2022

Македонскиот шминкер и стилист за коса Марјан Петров од Струмица ја имаше честа да ја среди српската пејачка Јелена Томашевиќ за нејзиниот настап во Абу Даби на концертот на најпознатиот светски тенор Андреа Бочели.

Томашевиќ настапи пред полна „Етихад“ арена, пред повеќе од 20.000 луѓе, а за концертот се подготвуваше повеќе време каде се појави во посебен фустан кој одговараше на пригодата.

Во светкав фустан со сирена крој, кој ја следеше линијата на телото, Јелена блескаше и не ја симнуваше насмевката од лицето цела вечер, а нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ ѝ беше најголем поддржувач. Додека за нејзината шминка и фризура пак, се погрижи нашиот Марјан Петров кој за Женски магазин изјави дека можноста да ја подготви Томашевиќ за овој голем настан се случила неочекувано, а таму тој се запознал и со Андреа Бочели и неговата сопруга.

Оригиналната вест може да ја погледнете на ЖЕНСКИ МАГАЗИН.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: