Кога Билбилов ќе замеша прсти, тогаш знаете дека се работи за маестрално музичко дело. Овојпат во студиото на познатиот продуцент и изведувач се подготвуваше нова песна за нашиот талентиран 18 годишник од Струмица, Ангел Спасов. Со првата песна „Ме изгуби ти“ Спасов покажа дека сериозно навлегува во музичкиот свет и доби позитивни реакции од слушателите и го привлече вниманието на пошироката јавност.
„Сам продолжувам“ е објавена пред помалку од 24 часа, а веќе брои околу 2.000 прегледи на јутјуб.
Ангел Спасов во изјава за Струмица Денес вели е задоволен од реакциите на публиката досега и е среќен што успева да допре особено до помладите генерации.
Честитки и од тимот на Струмица Денес и уште поголеми успеси во иднина. Во продолжение погледнете ја „Сам продолжувам“.