СТРУМИЧАНЕЦОТ АЛЕКСАНДАР МИЛУШЕВ НАЗНАЧЕН ЗА СЛУЖБЕНИК ЗА МЛАДИ КОЈ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА РАЗВИВАЊЕ, ПЛАНИРАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО МЛАДИТЕ!

април 22, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

📣За мене како градоначалник и за општина Струмица, младите луѓе се наши пријатели и партнери во креирањето на локалните политики.

Во интерес на зајакнување на таа соработка и заедничко решавање на проблемите и учество во развојот на нашата Општина, а согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, за Службеник за млади го назначив Александар Милушев (amilusev@yahoo.com) вработен во мојот кабинет.

Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, поддршка на работата на локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност и одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите.
#СтрумицаГрижливГрад #службеникзамлади

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ