Home

Perdormire
Струмица

СТРУМИЦА ВО НЕДЕЛА ПОВТОРНО ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ: МАРШ ЗА СЛОБОДА И ЕДНАКВИ ПРАВА!

Home

СПОНТАНА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА:

Почитувани сограѓани,
За жал повторно сме на истото место, но денес, по само една недела од минатите протести под уште построги мерки кои придонесоа за уште поограничена слобода, уште поизразена нерамноправност, зголемена опасност за нова подлабока поделба меѓу граѓаните, зголемен страв и несигурност за личната безбедност, безбедноста на нашите деца и фамилии и за жал непосредно пред колапс на малите и средните бизниси а со тоа и губење на работните места.

Затоа, преку овој мирен протест ние вакцинираните и невакцинираните, луѓе од сите генерации, аполитични и од сите политички партии и од сите припадности и религии изложуваме 4 ЕДНОСТАВНИ БАРАЊА и ја праќаме нашата порака дека НЕМА ДА ОТСТАПИМЕ се додака не биде исполнето и последното барање.

1. ГИ ОТФРЛАМЕ И НЕ ГИ ПРИЗНАВАМЕ КАКО ДЕМОКРАТСКИ И МЕДИЦИНСКИ ИЗДРЖАНИ СИТЕ МЕРКИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ВАКЦИНИРАНИТЕ И НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЕЛЕКТИВНО! ЗА НАС ТОА Е УСЛОВУВАЊЕ И ИНДИРЕКТНА ПРИСИЛА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ. ОДЛУКАТА МОРА ДА БИДЕ ИНДИВИДУАЛНА НА СЕКОЈ ЕДЕН ПОЕДИНЕЦ И НИЕДЕН ЗАКОН ИЛИ ПРОПИС НЕ СМЕЕ ДА ГИ ОДЗЕМА УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНИТЕ ПРАВА ИЛИ СЛОБОДИ!

БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА СЕ УКИНАТ НЕДЕМОКРАТСКИТЕ МЕРКИ И ДА СЕ ПРИСПОСОБАТ НА РЕАЛНОСТА И УСЛОВИТЕ ПОЧИТУВАЈЌИ ГИ УНИВЕРЗАЛНИТЕ ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ И ПРАВОТО НА РАМНОПРАВНОСТ И ЕДНАКВОСТ!

2. ДА СЕ ПОЧИТУВА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ИЗБОР.

3. БАРАМЕ ДА НЕ СЕ СПРОВЕДУВА НИКАКВА ПРОГРАМА ЗА ИМУНИЗАЦИЈА ОД КОВИД 19 ИЛИ КОЈА БИЛО НЕГОВА МУТАЦИЈА ИЛИ СОЈ ВРЗ ДЕЦАТА ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ БЕЗ ЈАСНА И НЕДВОСМИСЛЕНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД СЕКОЈ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ ПОЕДИНЕЧНО ЗА СЕКОЕ МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ.

4. БОЛНИТЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ИЛИ ИЗОЛАЦИЈА А ЗДРАВИТЕ СО СЕКОЈДНЕВНИТЕ РАБОТНИ ОБВРСКИ И СО ОБВРСКА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ КОИ ЌЕ БИДАТ ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ!
НА КРАЈ ДОЗВОЛЕТЕ МИ ДА ГО ПРОЧИТАМ ЧЛЕНОТ 9 ОД УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

“ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ЕДНАКВИ ВО СЛОБОДИТЕ И ПРАВАТА НЕЗАВИСНО ОД ПОЛОТ, РАСАТА, БОЈАТА НА КОЖАТА, НАЦИОНАЛНОТО И СОЦИЈАЛНОТО ПОТЕКЛО, ПОЛИТИЧКОТО И ВЕРСКОТО УВЕРУВАЊЕ, ИМОТНАТА И ОПШТЕСТВЕНАТА ПОЛОЖБА. ГРАЃАНИТЕ ПРЕД УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ СЕ ЕДНАКВИ.”

Очекуваме и уверени сме дека сепак ќе надвладее разумот и вистината и на сите овие барања најбрзо ќе биде одговорено позитивно на радост и во корист на сите.
НЕМА ОТСТАПУВАЊЕ, НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ! БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА ДО СЛОБОДА!