strumica denes logo

СТРУМИЦА ВО НЕДЕЛА ИЗЛЕГУВА НА ПРОТЕСТ: МАРШ ЗА СЛОБОДА И ЕДНАКВИ ПРАВА!

Автор:

Датум:

август 14, 2021

Категории:

Настан, Струмица

Автор:

Датум:

август 14, 2021

Категории:

Настан, Струмица

Почитувани сограѓани,

Како реакција на одлуката на владата за воведување на новите мерки за заштита од Ковид-19, донесена на 7.8.2021, со која се загрозени правата и слободата на движење на народот, доведува до уште понагласена сегрегација, контрола и притисок во неговите одлуки во однос на вакцинирањето против ковид и има погубни ефекти врз функционирањето на бизнис-секторот, за кои сме сведоци од мерките од минатата година, ние, голем број на „се уште слободни“ граѓани, го изразуваме своето незадоволство со овој протестен марш во недела, на кој обединети вакцинирани и невакцинирани, од сите политички партии од земјава, од сите вери и религии барамe:

1. Да не се посегнува по имунизирање на децата под 18 години и од 1 септември да се вратат нормално во школските клупи;
2. Да не се прави индиректна финансиска штета на компаниите со мерките (бидејќи мерките се препишани од финансиски силни држави);
3. Инфицирани со Ковид-19 со створен природен имунитет да се третираат исто како имунизирани со вакцина;
4. Никој да не биде ставен во ситуација да прави избор помеѓу вакцина и работно место, за што апелира и Европскиот Совет, соочен со агресивното рекламирање на вакцини, маски, изолација и злоупотребата на мерките од влади и институции.

Се обраќаме кон сите, оние со примена вакцина, неимунизирани и природно имунизирани (прележан ковид), доколку се согласуваат со овие точки слободно да пристапат на овој мирен протест со кој сакаме да пратиме порака до надлежните да се променат мерките во интерес и на здравјето од вирусот и на општото здравје на сите, зашто секој од нас е еднаков пред правдата и заслужува да одлучува со своја глава за себе и саканите!