Струмица прва општина со современа велосипедска инфраструктура!

октомври 26, 2022

Како дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ во Струмица со интензивно темпо се работи на изградба на велосипедски патеки на повеќе локации во градското подрачје. Со реализација на тековните активности, кои се дел од проектот, ќе биде унапредена велосипедската инфраструктура во Струмица, истовремено развивајќи го градот по урнек на голем број современи европски градови.

Проектот „Струмица – Паметен вело град“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за општините“, се однесува на иновативно и ефективно решение со кое ќе се стимулира употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичен начин на мобилност.

Покрај изградбата навелосипедски патеки и создавање современа вело-инфраструктура во градот, овој проект предвидува и активности за јакнење на капацитетите и подигнување на јавната свест за вело-културата, за зголемена употреба на велосипедот како еколошко, рекреативно и алтернативно превозно средство со цел – стекнување здрави и еколошки навики.

Суштинската придобивка од “Струмица – паметен вело град“ е создавањето на нови вело навики и промена на свеста за придобивките од урбаната мобилност и употребата на еколошки превозни решенија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: