СТРУМИЦА НЕ ЗАБОРАВА: ОДБЕЛЕЖАНА ОСУМ ГОДИШНИНАТА ОД ГОЛЕМИОТ ПОЖАР КАЈ „ДВАТА ПАТА“

јули 23, 2020

Општина Струмица денеска ја одбележа осум годишнината од големиот пожар кај месноста ,,Двата пата” над градот. Во гаснењето на пожарот, кој избувна на 23 јули 2012 година, загинаа браќата Перо Стојанов и Блажо Стојков од селото Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица, а повеќемина беа повредени. Пред спомен обележјето подигнато во нивна чест, свежо цвеќе положија делегација на општина Струмица, членови на семејствата и претставници на политички партии.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ