СТРУМИЦА ЌЕ ДОБИЕ НОВА ГРАДИНКА: ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО НАСЕЛБАТА КАСАРНА ВО ГРАДОТ!

февруари 27, 2020

Започнаа подготвителните активности за изградбата на новата детска градинка во населбата Касарна во Струмица. Објектот ќе се гради на површина од 1.443 метри квадратни со приземје и кат и ќе располага со капацитет за 300 деца. Проектот е финансиран од Министерството за труд и социјална политика, а предвидениот рок за изградба е 16 месеци. Новата градинка ќе биде изградена по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со недостиг на капацитети во клоновите на градинката „Детска радост“. Со ова, но и претходно преземените активности за реконструкција и проширување на постоечките капацитети, општина Струмица ја потврдува грижата за децата од предучилишна возраст и за нивниот правилен раст и развој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ