Стрелките на часовникот ќе се менуваат – в недела се враќаат еден час наназад!

октомври 26, 2022

Останува досегашниот систем на сметање на времето, односно од викендов ќе почне зимското сметање со кое стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад.

Од Владата информираат дека информацијата што требаше да ја подготви Министерството за економија покажала дека треба да остане системот за промена на времето.

Повеќе информации најавуваат дополнително.

Министерството за економија правеше анализа за промена на системот за сметање на времето по препорака на Владата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ