„СТРАДАЊЕТО НА ИСУС“ – СТРУМИЧАНЕЦОТ АЛЕКСАНДАР ФИЛЕВ СО НОВИ МАЕСТРАЛНИ ДЕЛА!

ноември 22, 2020

Александар Филев е роден во 1982 година,во Струмица. Своето образование го почнува во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје, за да продолжи на Факултетот на ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Од 2001 година е асистент во отвореното студио за современ мозаик. Учествува во изработката на монументалните мозаици во Меморијалниот центар во с. Пелинце, како и во повеќе ликовни проекти и групни изложби.

Неговите дела се наоѓаат во многу приватни и државни збирки и институции, меѓу кои и во Меѓународната струмичка ликовна колонија, Музејот за современ мозаик Брациано – Италија, но и како мозаични решенија на повеќе сакрални објекти.

На наше огромно задоволство, Филев преку Струмица Денес Ви ги прикажува најновите дела од циклусот насловен „Страдањето на Исус“. Александар изјави дека ја има таа внатрешна потреба за сликање и тоа го прави секој ден.

„Во сликата мора да има емоции, чувства, доживувања…затоа луѓето кои ги гледаат моите дела тоа го чувствуваат, тоа всушност е и мојата цел…да допре до нив и да ги пробуди нивните емоции.“ – вели Филев.

Во продолжение погледнете ги неговите маестрални дела:

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: