strumica denes logo

СТЕФАН ОНЧЕВ, МЛАДИОТ ТАЛЕНТИРАН ПИЈАНИСТ ОД СТРУМИЦА КОЈ ОСВОИ ПРВО МЕСТО НА МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО БЕЛГРАД, СРБИЈА!

Автор:

Датум:

март 19, 2023

Автор:

Датум:

март 19, 2023

Талентираниот пијанист од Струмица Стефан Ончев, ги освои срцата на присутните на дваесеттиот меѓународен натпревар „Даворин Јенко“ кој се одржува во Белград, Србија. Ончев во Струмица се врати со прва награда кој ја освои во категоријата за клавир-пијано соло со освоени 99 поени од вкупно 100 во конкуренција на 61 учесник.

Жирито на натпреварот беа фасцинирани и понесени од свирењето на Стефан, па побараа да се сликаат со него.

Искрени честитки од тимот на Струмица Денес и многу успех во иднина!