strumica denes logo

Стабилно, но студено време со силен северен ветер за време на викендот

Автор:

Датум:

декември 26, 2025

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 26, 2025

Категории:

Струмица

По неодамнешните врнежи и променливото време, следува период на стабилни, но студени денови низ целата држава. Според прогнозите, во наредните денови утринските температури насекаде ќе бидат негативни, што ќе создаде типична зимска атмосфера.

Иако времето ќе биде претежно стабилно и суво, викендот ќе го одбележи засилен до силен северен ветер, со локални удари кои можат да надминат 60 километри на час. Ветерот дополнително ќе го зголеми чувството на студ, особено во отворените и повисоки предели.

Метеоролозите апелираат граѓаните да се облекуваат соодветно на ниските температури и да внимаваат при движење на отворено, особено поради можноста од намалена видливост и зголемена осетливост на студот поради силниот ветер.

Стабилното, но разладено време најверојатно ќе се задржи и во почетокот на наредната недела.