strumica denes logo

(СПОДЕЛУВАЈТЕ) НА МАЛАТА СТРУМИЧАНКА ЕМИЛИЈА КОЈА БОЛЕДУВА ОД ВИРУСЕН ЕНЦЕФАЛИТИС Ѝ Е ПОТРЕБНО ЛЕКУВАЊЕ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

октомври 3, 2021

Автор:

Датум:

октомври 3, 2021

КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ДОНИРАЊЕ: https://www.gofundme.com/f/lets-all-together-bring-emilijas-smile-back?utm_source=facebook&fbclid=IwAR27_mEXrYCz1ncOid1E04JY_te-i7NpUMxDQh0un6JiidSBUZF0kfmeegY

Здраво на сите, на прикачените слики се нашите два мали ангели, 9 -годишните близначки Емилија и Елена. На 26 јули 2021 година, по 4 дневна настинка, додека Емилија седеше во нивната соба со нејзината сестра близначка имаше епилептичен напад, итно беше пренесена во локалната болница во Струмица, Македонија од каде итно беше пренесена во Универзитетската детска болница во Скопје. Таму и беше дијагностициран вирусен енцефалитис, предизвикан од вирусот Западно Нилска треска од каснување од комарец.

Поради брзо и прогресивно влошување на нејзината здравствена состојба, таа беше префрлена на интензивна нега и мораше да биде ставена во медицински индуцирана кома. По нешто повеќе од еден месец на интензивна нега, нејзината состојба беше стабилизирана, но неконтактна, од тешката состојба се афектирани и онеспособени сите моторни, визуални и говорни функции. Лекарите во Македонија и препорачаа дека итно и е потребен невролошки третман за рехабилитација, интензивна работна терапија, интензивна физикална терапија и рехабилитација во центри специјализирани за пациенти во таква состојба, кои не се достапни во Македонија.

Тие препорачаа да се бараат такви болници во Турција, Словенија или Германија. Неколку болници негираа да ја прифатат или поради состојбата во која се наоѓа или поради пандемија со Ковид. Пред два дена таа беше пренесена во болницата Аџибадем во Истанбул, Турција и во моментов се во тек испитувања од тамошните лекари да можат да дадат одговор со конечната одлука дали може да продолжи нејзиното закрепнување таму и колку ќе чини, во меѓувреме добивме одговор од детската болница Хегау-Југендеверк во Германија дека ќе можат да ја прифатат пациентката доколку нејзиното лекување не може да се продолжи или успешно да се заврши во Истанбул, Турција, а трошокот ќе изнесува 60 200 евра (70 000 американски долари), дополнително на трошоците од 5000 евра потрешени за нејзиното транспортирање до Истанбул со амбулантна кола и придужба на медицинска екипа, како и сите други дполнителни трошоци доколку треба да биде транспортирано во Германија од Истанбул.

Сите овие медицински сметки стават огромен товар врз секое семејство овие денови, и никој не може да биде подготвен за такво нешто, и како што може да се види, болницате бараат однапред да се плати целиот износ, и додека се чека конечниот одговор од Аџибадем во Истанбул, во име на Емилија и нејзините родители, јас, заедно со сите нивни роднини и пријатели, одлучивме да ја започнеме оваа кампања и да помогнеме со овој финансиски товар, и сите заедно да ја вратиме насмевката на лицето на Емилија и повторно да бидат едно цело заедно со нејзината сестричка Елена.

ВЕ МОЛАМ ПОМОШ!

p.s тука е линк на google drive со сите приложени документи, и ние ќе продолжиме да ги ажурираме сите документи кога ќе станат достапни.
КЛИКНИ НА ЛИНКОТ: https://drive.google.com/drive/folders/1vdU4OpD4ZaE56CKdsZe1aFY55X-mRztg