Рецептот за крцкави компири потпечени со лук е еден од омилените на Џејми Оливер. Познатиот готвач вели дека се супер лесни за подготовка, иако целата постапка трае скоро два часа, но тајната е во трпението и времето потребно за печење.
Гледајќи ја фотката веднаш ќе посакате да го имате овој ручек, па погледнете како едноставно да ги направите највкусните печени компири.
Потребни состојки:
- 2,5kg средно големи компири
- 4 лажици несолен путер
- Малку маслиново масло
- 1 главица лук
- ½ китка свежа жалфија (околу 15 g)
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Излупете ги компирите (идеално е да се скоро иста големина). Ставете ги да се варат во тенџере со посолена зовриена вода околу 15 минути. Ова ќе помогне внатрешноста на компирот да стане навистина мека.
- Исцедете ги на цедалка, а можете да ги ставите и на пареа во микро околу 1 минута за да се исушат побрзо.
- Потоа пресечете ги на половина, па згмечете ги со лажица за да се сплескаат.
- Во голема тава за печење ставете го путерот и малку маслиново масло. Наредете ги згмечените компири, па зачинете ги со малку сол и црн пипер.
- Покријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер преку ноќ.
- Следниот ден загрејте ја рерната на 180°C.
- Излупете го лукот (оставете 2-3 чешниња со лушпа) и исто како и компирите, згмечете ги со лажица.
- Печете 1 час, или додека компирите не станат крцкави и златни насекаде.
- Извадете го плехот од рерната и посипете ги компирите со жалфија, па печете уште 20 до 25 минути.
- Послужете ги топли.