По повод Светскиот ден на водите, по иницијатива на ЕКО одборот при СОУУД”Димитар Влахов” Струмица и АД”Водостопанство” Македонија подружница Струмица, се спроведе акција за чистење на речното корито на реката Тркајна.
Учениците заедно со нивните професори, директорката и помошник директорот како и вработените во АД”Водостопанство” Македонија подружница Струмица, изведоа низа активности со цел за зачувување на водите.
Од училиштето упатија голема благодарност и до АД „Комуналец” – Струмица што го депонираше отпадот.