strumica denes logo

СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ДО ПОЛУМАТУРАНТИТЕ И НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ: Нашето училиште ви нуди можност на отворениот ден од блиску да се запознаете со струките и образовните профили кои ги нудиме!

СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – СТРУМИЦА :

📢 Почитувани полуматуранти и родители, на прагот на вашето завршување на основното образование многу е важна одлуката каде да го продолжите средното образование .

Нашето училиште ви нуди можност на отворениот ден на училиштето од блиску да се запознаете со струките и образовните профили кои ги нудиме, како и разгледување на училниците и работилниците во училиштето. Ќе имате можност да разговарате и со професори од сите струки кои ќе ви објаснат подетално за секој профил и ќе ви одгoворат на сите прашања кои ги имате.

Повелете, ве очекуваме,нашите врати се отворени за сите вас !

📌 КОГА?
– На 01.06.2023 год,четврток, од 10 до 13 и 30 часот

📌 КАДЕ ?
-Во предниот училишен двор

📌КОЈ ?
– Сите заинтересирани.

Автор:

Датум:

мај 30, 2023