Home

Perdormire
Струмица Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД СЕЛО БАНИЦА – ПРЕДИЗВИКУВАЧОТ ГО НАПУШТИЛ МЕСТОТО И ПАТНИЧКОТО МОТОРНО ВОЗИЛО!

Home

На 31.05.2022 во 22.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат пред влез на село Баница, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило, кое го напуштило местото и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.А.(32) од село Баница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.А., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетниот сопатник, констатирани во Медицински центар Струмица . Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и с епреземаат мерки за расчистување на случајот.