СО НОВОГОДИШНИОТ БАЗАР ЗАПОЧНА ПРЕТПРАЗНИЧНАТА МАГИЈА ВО СТРУМИЦА!

декември 25, 2022

Празнична атмосфера ќе ја обземе Струмица од 24-ти до 31-ви декември 2022 година, исполнета со многу забава и несекојдневна понуда на новогодишни производи.

Овогодинешниот Новогодишен базар 2023 повторно се врати на познатата локација на Градскиот плоштад, заедно со сета своја магија сокриена во малите дрвени куќарки во кои ќе најдете исклучително ретки и уникатни изработки, прекрасни подароци за овие новогодишни празници. Топли и вкусни напитоци, вкусни колачи, разни ракотворби, сувенири и други производи ќе бидат само дел од богатата понуда на учесниците.

За забавата да биде на потребното празнично ниво, програмата ќе биде исполнета со многубројни настапи на звучни музички имиња и бројни детски настапи за најмалите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: